Коучинг
Менаџмент стил за 21 Век
Виктор Куновски, Октомври 2008, за дневникот БИЗНИС
Што навистина сакате? Каде сакате да го видите вашиот бизнис/организација?
Дали сакате да ги зголемите перформансите на вашите менаџери и вработени?
Сакате ли поуспешно и поефикасно да работите?
Дали сакате да бидете инспиративни бизнис лидери?
Дали сакате да ги решавате креативно вашите проблеми и да се фокусирате на најдобрите решенија за вашиот бизнис?
Дали сакате да остварувате добивка и притоа да сте исполнети и да уживате во работењето?
Или, можеби сакате да сте успешен бизнисмен со позитивно салдо во банка, добра кола, но со чир во стомакот, растурен брак, мизерен и неисполнет, да се тешите навечер со флаша скапо виски?
Дали сакате да бидете успешен, а вашите вработени да немаат земено плата 6 месеци?
Да бидете одговорни за труење на пола град со токсични гасови, исгорени гуми, необновени филтри на вашите фабрики, неплатени сметки кон останатите фирми од кои што зависите?
Тешки прашања, ќе си речете.
Барак Обама. Во еден свој говор рече
- Неможеме да го градиме 21от век со навиките од 20 век.
Меѓу редови, јас ова го разбирам како повик за тотална промена и внимание на тоа како менаџираме со себе, луѓето околу себе, нашите бизниси, ресурси и целата планета.
Последен пример за тоа дека стариот менаџерски и лидерски стил мора да се менува може да го видиме во Беар Стернс, Лехман Брадерс, Мерил Линч итн. Ова се американски финансиски мега институции, инвеститорски стожери на најмоќната светска економија. Трите мега фирми се банкротирани во последните 5 месеци. Вината за оваквиот колапс се префрла на главните менаџери на овие институции (CEO) и нивниот таканаречен ризичен однос и преокупираност со профит и само профит.
Старите типови на менаџирање мора да се променат, вредностите на егото да се заменат со вредности на душата. Стравот и казната треба да се претворат во доверба и поддршка, луѓето да се охрабрат, креативноста да им дојде до израз. Правењето на профит неможе и есмее да биде приоритет пред здравјето на луѓето и планетата.
За оние кои што ќе си речат, сето ова звучи убаво, но како да се направи тоа, посебно кај нас во Македонија?
Оваа колумна ја пишувам и посветувам токму на оваа, нова корпоративна менаџерска култура-стил, која полека навлегува во сите пори на општеството и корпоративното управување во светот и кај нас.
Кратко и јасно, станува збор за процес кој едноставно се нарекува Корпоративно Културно Трансформирање. Еден од клучните алатки потребни за оваа трансформација е методологијата или менаџерскиот стил наречен КОУЧИНГ.
Што е Коучинг?
Мојот братучед процесов го вика, Отварање на очи.
Пред да дадам дефиниции, јас ќе го опишам на еден многу прост начин.
Замислете дека вие и вашиот бизнис сте штотуку ископан дијамант. За обичниот човек вие изгледате како најобично стакло, прљаво, необработено и скоро безвредно.
Коучингот е процес на брусење и полирање на дијамантот (вашиот бизнис и вработени).
Коучот или коучинг тимот се луѓето кои го спроведуваат брусењето, тоа е нивна специјалност и професија, занает ако сакате.
Крајниот резултат на овој процес е вие и вашиот бизнис да засветат во целосна величенственост на прекрасен драг камен.
Во македонско-англискиот речник, зборот коучинг се преведува како тренинг, но овој прецизен и буквален превод не му врши услуга и недоволно го опишува процесот на коучинг. Во македонскиот јазик има 2 фантастични збора кои извонредно го опишуваат процесот.
Првиот е ВОДЕЊЕ и вториот е НАСОЧУВАЊЕ.
Најинтересно од се е кога двата збора ќе се расцепкаат, тогаш го добиваат идеалниот смисол позади она што е коучингот.
ВО-ДЕЊЕ или насочување на луѓето или бизнисите кон светлината и
НА-СОЧИВО или насочување и доближување на луѓето и организациите кон нивните сакани цели.
За крај на овој вовед ќе дадам неколку дефиниции на светски познати коучин експерти.
Коучинг е водење или насочување на личноста или тимот (групен коучинг) кон нејзината (нивната) највисока посакувана цел со исполнетост и уживање.
Целта на коучингот е развивање, подигање и доусовршување на перформансите, квалитетите и целосно користење на потенцијалите на личноста (работникот, студентот, спортистот, менаџерот...) во било кој дел од неговиот/нејзиниот живот. Просто кажано, двојката да стане петка.
Еден од кумовите на коучингот, Тимоти Галвеј (Thimmoty Gallaway ) го дефинира истото вака:
Коучингот е отклучување на потенцијалот кај личноста со цел таа/тој да ги максимизира-зголеми своите лични перформанси.
Џон Витмот (Jonn Whitmore ), некогашен партнер и колега на Галвеј вели.
Коучингот е основен менаџерски стил или алатка за оптимизирање на потенцијалите и перформансите на луѓето.
Во следната колумна ќе прочитате за бенефитите од коучингот и зашто компаниите го користат коучингот.
дел 2
Бенефитите на коучингот
Дали знаете дека 7/8 седум осмини од тежината на една санта лед е невидлива над површината и потопена во вода?
Го давам овој пример бидејки е многу адекватен за опис на искористеноста на потенцијалот кај луѓето и бизнисите.
Закопан, и латентен во секој од нас постои куп на неискористена енергија. Како санта лед користиме само фракција од она што го поседуваме.
Земете ја Македонската економија или македонскиот спорт како пример.
Статистиката и факти покажуваат дека во последните 17 години сме на дното по многу економски параметри, од раст на БНП, странски инвестиции, плати итн (фала богу ова се менува во последно време).
Сето ова не би било толку апсурдно да бевме некоја земја во пустиња или на некој камен кајшто ништо не никнува. Спорд ресурсите, природни богатства и човеков потенцијал, Македонија е земја со неверојатен потенцијал.
Само за споредба, Словенијa (земја со население и површина како нас) има 7 пати поголем БНП од нас.
Па каде е сиот тој потенцијал?
Тимоти Галвеј кого го споменав во претходниот воведен текст се смета за еден од основоположниците на модерниот бизнис коучинг.
Во 1970 година, Тимоти бил успешен тениски тренер во САД.
Неговата љубопитност и креативност го донела до едно за него интересно прашање?
Како да ги зголеми перформансите и учењето кај своите студенти?
Со тек на работата открил дека кога го намалил нивото на давање инструкции и наредби за тоа како треба да се одигра одреден удар во тенисот, а за возврат ја зголемувал свесноста и фокусот кај своите студенти, нивното ниво на учење и перформанси драстично се зголемило.
Двајца негови тениски ученици биле егзекутивни директори на тогаш сеуште нетрансформираниот телефонски гигант и монопол во САД, телекомуникациската компанија АТиТ. Фасцинирани од необичниот стил на Тимоти и ефектите од истиот, го замолиле да го промени истиот метод на подучување во еден одсек во компанијата.
Резултатите биле над сите очекувања. После ова, како што викаат, се е историја.
Денес, според Брајан Трејси (Brajan Trejsi), коучингот е најбрзо растечка услужна дејност во светот, која во 2006 година имала пораст од 100%.
Во Септември 2004 објавен е таканаречен Бел Документ од страна на ЕЦИ- Европски Коучинг Институт кој вели:
После тренинг во дадена област, продуктивноста кај вработените пораснала во просек 22.4%. Кога тренингот бил дополнет со коучинг, продуктивноста во просек била зголемена за 88%.
Ова се феноменални 400% зголемени перформанси и само замислете што тоа би значело за вас и вашиот бизнис?
Во 2002 Квалификуваниот Манаџмент Институт ја објавува својата анкета наречена коучингот при работа во која што ги дава следниве податоци:
Од 280 анкетирани организации, 23% имаат коучинг програми во развојниот дел, а 44% користат коучинг по потреба.
Истата анкета покажува неверојатни 80% од анкетираните менаџери, веруваат дека би имале добивка од константен коучинг на работното место. 93% од менаџерите веруваат дека коучингот треба да е достапен до сите нивоа во организациите.
Благодарение на ваквите бенефити од коучингот, мултинационални компании успешно соработуваат со коучинг тимови или индивидуални коучеви. Тие се свесни за потенцијалот и ефектот што коучинг процесот може да го ослободи од нивните вработени и менаџери.
Во Септември 2007 ДИАГЕО (глобален светски лидер во индустријата со алкохолни пијалоци) мултинационална компанија со 23 000 вработени, поддржана од интернационален тим од 100 светски коучеви, почнува процес на промена на менаџерската култура, со цел да ги подобрат лидерските и коучинг способностите на своите 900 средни менаџери. Претходната година, истата компанија низ истиот процес ги ставила своите 100 топ егзекутивци.
Мултинационални компании низ целиот свет на поголемо или помало ниво ги прават истите чекори.
Неколку елитни МБА програми во последните две години имаат коучинг во својот развоен програм, бидејки идните лидери и менаџери ќе мора да бидат и одлични коучеви.
Слично на големите светски фудбалски тимови и воопшто големите спортисти и институции, бизнис лидерите ја согледуваат големината на коучингот
во работната средина и едноставно ја користат за бенефит на организацијата и себе си.
Во Македонија коучингот сеуште не ги следи светските трендови. (Како да имаме нешто во генот кое не тера последни да се фатиме за кругот???)
Од кои причини македонските менаџри, компании и високо образовни институции не користат коучинг може да се шпекулира, но крајниот резултат е проста математика, НЕИСКОРИСТЕНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ и НАМАЛЕНИ ПАРФОРМАНСИ во сите општествени свери на делување.
Сепак благодарение на неколку млади, визионерски менаџери и институции, бизнис коучингот полека навлегува и кај нас. Што побргу тоа подобро за сите нас.
Актуелен пример е ЦЕЕД програмата за развој на предприемачи и егзекутивци на УСАИД и СЕАФ инвестицискиот фонд, кои во својот топ клас плус годишен програм вметнуваат коучинг тренинг за 30-40 егзекутивни менаџери и предприемачи лидери.
Нека оваа извонредна иницијатива биде пример кој треба да го следат македонските компании, факултети, и останати институции, бидејки коичингот навистина дава неверојатни (досега некокупати потврдени и фактографирани) резултати.
| Design
2008
by the ZEN Syndicate |