COACH ERA Group


en







 

 

 


7 аптеки, претприемништво, странски инвестиции
и јавна администрација...

Виктор Куновски
1 Мај 2010



Да да, чист факт:
на 500 метри растојание од зградата на QBE (бившо ЗОИЛ) па до чешма во Кисела Вода има 7 аптеки.
Овој неверојатен феномен кој неизбежно го набљудувам секој ден е вистинска реткост.

Дополнителни факти:

Според некои истражувања, Македонските граѓани се водечки корисници на антибиотици во Европа.

Македонија според многу статистики и анализи е на дното на табелата по странски инвестиции во последните 20 години во Европа. Овој тренд продолжува без оглед на тоа што владата на Груевски стави железни опинци за привлекување на странски инвеститори.

На спортско поле, Македонските спортисти (со мали исклучоци) се меѓу најслабите перформери во Европа, отсекогаш.

Читателе, верувам дека поразителниве резултати ќе те изморат и депримираат додека ги читаш, но собери сила и прочитај до крај, бидејки понудени се и конкретни решенија.

Ако се прашувате што е поврзаноста меѓу аптекиве и спортско економските перформанси на Македонецот еве мало размислување.

Ако длабоко во себе веруваш дека неможеш, не си добар, слаб си, мал си ... итн. истото го проектираш и ти се случува во секојдневниот живот. Реалноста ти е обоена од несвесните верувања и вредности кои ги носиш со себе.

Мудрите просветлени учители некогаш оддамна рекле:

Ги гледаме работите онакви какви што сме.
We see things the way we are.

Одредени случувања во Македонската историја оставиле тешки лузни во колективната психа на нашиот народ, кои до ден денес не прават нација со низок степен на самодоверба, воља, предприемачки и спортски дух.
Отоманската 5 вековна окупација како и секој затвор е огромна причина за убивањето на сечија воља.
Статусот на мали јужни македончиња (Што јужније то тужније) во добата на СФРЈ е мал напредок во позитивна насока но сепак недоволен чекор во градење на моќна победничка психа, самодоверба и спортски дух.
Пост Југословенскиот, транзициски период на самостојна Македонија си носи сопствен товар. Корумпиран и безкрупулозен социо економски и политички лидершип кој со своите искривени вредности доминираше во транзициониот период е главната карактеристика на Македонија од осамостојувањето.

Овој долг период со себе носи ментални пораки кои се укоренети во генетскиот код на секој граѓанин на Македонија. Истите се многу моќни и се сеприсутни до денешниот ден.
Ќе ви дадам примери
Дали ви се познати следниве коментари во Македонскиот монолог:

- Ова не е држава, 
- македонче со мало (м)
- Ќути, трај, не дигај галама
- Пусто Турско
- не не бива 

за секој што макар малку има познавање од психологијата на успехот, ќе му е сосема јасно колкав ментален терет и лузни носи колективната Македонска психа.

Не се ни чудо горенаведените факти за аптеките и спортско економските перформанси.
Од болен човек не можете да очекувате ни просечни резултати, а камоли врвни. Секој што боледувал макар и 3 дена во животот ќе ви го потврди истово.

Како да го промениме овој негативен губитнички ментален склоп?

Решението на Македонскиот лузерски комплекс, нема да биде ниту лесно, ниту експресно, сепак што побрзо се почне тоа подобро за нас.

Нашите лидери но и сите ние заедно подитно треба да промениме и направиме неколку работи.

1) Создвање на нација со висок претприемачки дух.
2) Замена на лимитирачките вредности од Македонската култура со позитивни вредности.
3) Вреднување на своето колку и она туѓото, домашен, не увезен лидершип.
4) Креирање на спортска нација со спортки дух

За секое од горенаведените ќе пишувам поопширно.

1) Создвање на нација со висок претприемачки дух.

Претприемач, е креативен, енергичен позитивен дух, кој во континуитет е посветен и размислува како да креира економски бенефит и квалитет (економски благодет) за себе, своето семејство и своите вработени. Тој не се откажува пред препреките, туку ги користи како свој лост за самонапредок и континуиран развој.

Претприемачот го красат дополнителни вредности од типот на упорност, самодоверба, силна и добра воља, иновативност, адаптабилност кон промени итн.

Доколку за момент ја погледнете анкетата направена во Мај/Јуни 2009 околу вредностите и однесувањата кои се најпосакувани кај Македонските граѓани, ќе забележите 5 вредности (однесувања) кои го красат или се директен резултат на претприемачкиот дух или акција:
Можности за вработување, квалитет на живеење, финансиска стабилност, намалување на сиромаштијата, економски раст.

Истава анкета е потврда за потребата на развојот на претприемништвото во Македонија и вистинската желаба на Македонецот да се вложи во предприемништвото.

Како да се постигне сето ова? Е прашањето од милијарда евра.

Еве неколку можности, воедно и препораки за сегашната и сите следни влади, факултети и училишта:

- Инвестирање во предприемничка едукација на национално ниво кај сите граѓани уште од средно училиште со задолжителен предмет. Кај постарата генерација тоа може да се прави преку неформално образование.
- Отварање на претприемачки центри (бизнис инкубатори) во секој поголем град во Македонија. Моментално во државата функционираат само 3 вакви центри: Бизнис Старт Ап Центарот во Битола, Инкубаторот на ПСМ Фондацијата во Скопје и Бизнис Старт Ап-от на Машинскиот факултет. Во Македонија се потребни минимум 10 вакви центри во државата.
- Владат да пренасочи половина од сите пари кои ги инвестира во привлекување на странски инвестиции во директна поддршка на развојот на претприемништвото.
Моменталниот однос на владата кон претприемништвото се карактеризира со тотална неинвентивност, игноранција и незаинтересираност. Овој однос е видлив преку АППРМ (Агенција за Поддршка на Претприемништвото) за која владата одвојува едвај 330 000 Евра годишно – што е најблагоречено срамота. Дополнително за односто на институциите кон претприемништвото нека послужи фактот дека во во ек на манифестацијата “Европски ден на претприемачот 2010” организаторот на настанот Европската Бизнис Асоцијација, исто како и АППРМ на своите веб сајтови ги имаа агендите за минатогодишниот настан. Односот кон сопствените претприемачи неможе да се разликува со односот кон странските, кои верувајте ова многу добро го перципираат.  

Горенаведените предлози ќе имаат повеќекратни ефекти. Народот ќе размислува предприемачки. Идните владини чиновници во јавната администрација исто така ќе бидат по претприемнички ориентирани и поспремни да го пречекаат странскиот (а и домашниот инвеститор) кој полесно ќе го одврзе кесето кога пред него гордо и спремно ќе се испрчи нација која размислува и е напумпана со предприемачки дух.
- Банките да го инвестираат своето знаење, ресурси и 10% од својот годишен профит во едукативни и развојни програми за претприемништво (ова е јавен повик до сите банки и банкари) како во промерите од Битола и Скопје. Ова ќе им овозможи на истите ем да допринесат за развојот на општеството, што по автоматизам ќе ги направи банкарските вработени да се чуствуваат горди и исполнети, ем (ако не и поважно за самите банкари), да почнат да градат уште од самиот почеток win-win-win однос со своите идни клиенти кои ќе им ги полнат за возврат сефовите.

Горенаведени предлози ќе вродат плодови на краток, среден и долг рок.

Прво, ќе се зголеми бројот на Мали и Средни Претпријатија (МСП) кои се движечка сила на огромен број на еконимии, економии и над 100 пати поголеми од Македонската. МСП се најголемите работодавачи во Европа, во Македонија тие вработуваат 80% од работната сила.
Второ, со зголемување на бројот на вработени или самовработени, ќе се намали бројот на оние кои сакаат да работат во јавната администрација и/или во иднина дури и вработените во јавната администрација ќе размислуваат со предприемачки мозок, ќе бидат спремни да одговорат на предизвиците кои ќе ги очекуваат од нив идните странски и домашни инвеститори.

Доколку горенаведените препораки и предлози не почнат да се применуваат и реализираат, ќе се потврди по илјадити пат онаа дефиниција од НЛП-то:

Ако продолжите да го правите она што секогаш сте го правеле, ќе ги имате истите резултати како и додека сте го правеле. 
А тоа ни е добро познато, ни представува рак рана и ќе го посочам уште еднаш за да ја согледате разликата.

Огрома стапка на невработеност, која не плаќа придонеси во државната каса. 
Јавната администрација, не е голема, таа е огромна.
Секој што вадел нов документ во последно време знае дека истата е вискоо корумпирана, бирократизирана, непотизирана и на врв на се арогантна.
Годишно троши 700 милиони евра или една третина од буџетот на Македонија. Според некои последни анализи, истата нема капацитет да приготви проекти за подигање на фондовите кои на Македонија и следат од Европската унија. Да не кажам тотално безвредна, бидејки не е така (ако можат да им сменат лични карти и пасоши на 2 милиони граѓани мора да имаат капацитет и за повеќе), јавната администрација е најблагоречена неспремна да ја поддржува Македонската економија, развојот на претприемништво и политика на привлекување на странски инвестиции. Ова е резултат на 20 и повеќе годишната политика на создавање на инвалидна државна бирократија која нема поим дури ни од зборот претприемништо.

На овој начин не се оди напред, многу мачно и тешко се остварува и мора да му се стави крај. Горепонудените можности нудат излез од ваквата ситуација, а верувам дека има и многу други начини за развој на претприемништвото.

2) Замена на лимитирачките вредности од Македонската култура

Гореспоменатата анкета укажува на лимитирачки и потенцијално катастрофални вредности и однесувања во нашата култура. Да потенцирам, ова не се вредности на владата ова се вредности на целиот народ.
9те (од листа на 100 позитивни и лимитирачки вредности) најзастапени вредности/однесувања во Македонската култура се лимитирачки. Невработеност, несигурност за иднината, сиромаштија, корупција, бирократија, еколошко загадување, криминал и наслиство, непотизам и обвинувања.

Врз основа на една ваква култура, скоро е невозможно да се гради здрава економија, позитивен дух, високи перформаси и здрава спортска нација.
Дополнително замислете си дека сте вие странски инвеститор кој треба да вложи огромни средства и време во култура чии доминантни вредности се корупција, бирократија, криминал и насилство и непотизам. Дали би инвестирале ако за секоја дозвола ви бараат противуслуга или најчесто мито? Дали би инвестирале во држава во која што квалитетот завршува поради непотизамот?
Напорите на владата (или било која супервлада во иднина) од самиот почеток на кампањата ИНВЕСТ ин МАКЕДОНИА се минимизирани поради нашата култура.

Доколку не направиме колективен напор да ја промениме сопствената култура си загарантируваме повеќе и полошо од досега виденото.

Како да ги промениме овие лимитирачки вредности?

За почеток би било добро да си ги поставиме следниве прашања:

Колку вас лично ве чинат следниве лимитирачки вредности (корупција, бирократија, криминал и насилство и непотизам) на годишно ниво? Колку го чинат вашиот бизнис?

Што добивате доколку бирократијата, корупцијата и непотизмот се намалат во јавната администрација и бизнис круговите?

Со кои позитивни вредности треба да се заменат лимитирачките вредности и однесувања од нашата култура за да привлечеме повеќе инвеститори па и туристи ако сакате?

3) Вреднување на своето колку и она туѓото, домашен, не увозен лидершип.

текстот е во пишување  

© КОУЧ ЕРА 2010



Зачленете се и добивајте го
КОУЧ ЕРА
електронскиот веб едукаторот.
Со зачленувањето
како награда ќе го добиете TEAM SKY

практичникот за лидерство и коучинг на Англиски Јазик :