Следниот текст е четврто продолжение на текстотовите:
1. Колку вредат вредностите и културниот капитал во вашата компанија? ,
2. Лидершип за 21 век
улогата на извршните директори во компаниите и социополитичките лидери во светот и Македонија
и
3. Мерење на Културниот Капитал 1
објавени во дневникот БИЗНИС во Ноември и Декември 2009.
Системот е секогаш попаметен од единката или од групата која го води.
Ова е неприкосновено правило во процесот на системско управување.
Доколку постојат луѓе кои сметаат дека се попаметни и помудри од целото (системот) би посочил дека тоа едноставно е невозможно.
Вистинските лидери мора да научат да бидат во заеднички ритам со потребите и мотивацијата на системот кој го водат.
Основата на модерниот лидершит е мерењето на културниот капитал и дијагностицирање на моменталните состојби и потребите на системот.
Во Текот на Мај и Јуни оваа одина, во нашата држава беше извршена едно иноваитвно мерење.
Се работи за таканаречен Културен Вредносен Асесмент и претставува почеток на методологијата за менаџирање со културниот капитал.
Исти мерења се направени оваа година во САД, Латвија и моментално во Белгија.
Вкупно околу 50 држави во светот имаат направено ваков тип на мерења. Инаку методологијата потекнува од последните години на прошлиот век и е креирана од Ричард Барет, креаторот на алатките за културна трансформација (СТТ).
Причината за оваа алатка да се користи во мерењата на националните култури се позитивните искуства од над 1000 компании ширум светот кои го имаат користено истиот инструмент при мерењето и менаџирањето на сопствените корпоративни култури.
Со ова, Македонија стана прва земја во Југоисточна Европа која го има направено ова исклучително важно и од непроценливо значење мерење.
199 граѓани на Скопскиот плански регион, кој има 17 општини и 550 000 жители, беа прашани да одберат по 10 вредности (од листата која броеше над 100) одговарајки на 3 клучни прашања.
1. Кои се вашите најважни 10 лични вредности
2. Кои се 10те вредности кои ја отсликуваат моменталната култура во вашата општина (град)
3. Кои се 10те посакувани вредности кои најмногу сакате да ги видите во вашата општина
Со оглед на тоа дека Скопскиот регион ја претставува Македонија во мало, може да се претпостави дека мерењето е одсјај на моменталните Македонски реалности во целост.
Долу се дадени графиконите од мерењата во трите колони: Лични Вредности, Моментална Култура и Посакувана култура.

Анализата од ова мерење заслужува многу повеќе место и време од расположливото за овој текст. Користејки го просторот би напоменал неколку работи:
Вредностите во системот се манифестираат во начините на однесување, односот со колегите, клиентите, соработниците итн.
На пример вредноста семејство, значи дека на нашиот човек битна му е фамилијата, квалитетот на односите во неа. Оваа вредност се манифестира во нашите животи како грижа за нашето семејство.
Лимитирачката вредност обвинување на пример се манифестира со обвинување и вреѓање на колегата, другата организација или партија, непревземање на одговорноста на лично ниво и оставање на работите да бидат онакви какви што се.
Личните вредности од анализата покажуваат дека Македонскиот граѓанин во моментов поседува вредности од кои се гледа дека најважни му се отвореноста и поддршка во нивните меѓуодноси (чесност, соработка,почит).
Истиот покажува сигурност и силен поттик да ги реализираат своите цели (амбиција, креативност). Дополнително, видлива е грижат за себе и за останатите во нивниот живот (семејство, здравје) и вредности кои се однесуваат на “односите со луѓето”.
Тоа покажува дека луѓето и поврзаноста со нив им се особено важни во нивниот живот.
Голема концентрација на вреднсотите има на ниво 5. Tоа покажува дека тие бараат цел и значење во нивните животни искуства.
Тотално спротивно од личните вредности кои ги поседуваат граѓаните, се вредностите кои доминантни во нашата култура.
Моменталната култура на македонското општество - заедницата е нашата рак рана чија цена ја плаќаат сите во системот.
Во моменталната култура доминираат хронични проблеми на ниво на опстанок, стравови за сигурноста (невработеност, сиромаштија, несигурност за иднината) кои дополнително се поткрепени со неправични и незаконски деловни практики на поединци или групи (корупција, бирократија).
Лимитирачките вредности како обвинување и непотизам се штетни на нивото 2 кое е битно за добра комуникација и создавање на здрави меѓучовечки односи.
Моменталната култура исто така покажува нејасност во однос на насоките на движење на заедницата-нацијата. Во моменталната култура единствената позитивна вредност која го отсликува цврстиот став и посветеност на нашиот народ кон оваа вредност е вреднста мир.
Сето ова прецизно ја отсликува фрустрираноста на нашите граѓани и фокусираноста на моменталните услови и однесување.
Ентропијата или процентот на лимитирачки вредности во однос на вкупниот број на вредности, изнесува 48%, што укажува на значителна дисфункционалност во нашиот систем. Ентропијата на ова ниво е неодржлива за иднината и мора да биде намалена за да се избегнат понатамошни социјални немири и потенцијални финансиски последици.
Како Понатаму?
Испитаниците сакаат да ја задржат својата фокусираност во заедницата на “мирот”.
Тие имаат избрано девет нови вредности кои се фокусирани на градење на поцврста основа за фискален развој.
Луѓето сакаат да живеат во заедница која создава можности за работа, и која во предвид го зема долгорочното влијание на луѓето и нивната средина.
Тие сакаат заедницата да ги заштити најслабите, старите и обесправените луѓе во заедницата.
Има поголема фокусираност на “социјален” тип на вредности, што покажува дека тие сакаат нивната заедница да се предводи од принципите со кои се поддржува општото добро.
Забележете дека и покрај тоа што распределбата на сите вредности покажува дека има вредности на нивоата 3 и 4, за областите на системи и процеси и непрекинато обновување, нема врвни вредности кои се претставени во Пожелната култура. Тоа укажува дека има фокусираност во оваа област, но мал консензус заради кој тие вредности би биле двигател на промените. Би било корисно да се зборува за овие нивоа со луѓето, за да се стекне поголема јасност во однос на тоа кои вредности ќе ги поддржат промените на овие нивоа.
Препораки:
Потребно е да се развие план за интерно (национално) комуницирање на овие резултати.
Можен начин за ова е создавање на фокус групи низ кои ќе се добие зголемена свесност околу ситуацијата и планираните чекори истата да се подобри.
Клучна улога во овој процес имаат пред се имаат политичките лидери на национално и локално ниво, што на власт што во опозиција. Нивната поддршка е од исклучително значење. Доколку истите го игнорираат ова мерење и она што истото го укажува, не се исклучени можни скорашни финансиски шокови или социални незадоволства.
Доколку оние кои треба да се двигатели на оваквиот процес останат во игнорантска позиција, а со оглед на тоа дека се работи за системски развој, улогата на двигатели на процесот на културна трансформација може да го имаат луѓето од бизнис заедницата или од невладиниот сектор. Но резултатите од оваа втора опција би биле далеку послаби и поспори од првата.
Културната ентропија (збирот на лимитирачките вредности во системот) е ОПАСНО висока и бара ПОДИТНО намалување.
Треба да се идентификуваат искуствата кои луѓето ги гледаат во лимитирачките вредности како невработеност, сиромаштија, корупција, бирократија, криминал и насилство, непотизам, обвинување, несигурност за иднината и загадување на животната средина.
Потребно е освестување на причините, лимитирачките однесувања и негативните резултати кои следат позади секоја од овие лимитирачки вредности и да се најдат корективни мерки.
Цената што нашиот систем и сите ние во него ја плаќаме поради ваквата култура е неверојатно голема.

Имено ентропијата од 48% буквално значи дека само кај платите на јавната администрација македонскиот буџет губи 48% од 700 милиони евра (ова се парите кои од Македонскиот буџет се троша за јавната администрација). Ако истата пресметка ја искористиме за загубените средстав на општинско ниво или по работни организации и компании, тогаш се работи за огромни пари кои можат и треба да бидат заштедени.
Искуствата покажуваат дека организациите кои се посветуваат на културна трансформација имаат намалување на ентропијата во системот во континуитет.
Долу е графиконот од мерењата направени во една од најголемите банки во Јужна Африка.
Покажува пад на ентропијата во континуитет во последните 4 години.

Доколку истото би се случило во Македонија како резултат на континуирана посветена
културна трансформација и ентропијата би се намалувала по скромни и реални 3% годишно, само заштедата на изгубени средства во јавната администрација би изнесувале 21милион во првата година, 42 милиони во втората, 63 во третата и 84 милиони во четвртата година.
Вкупно за 4 години би се заштедиле 210 милони евра.
Дополнителни препораки:
Треба да се дефинираак клучните сегменти на промени на кои што луѓето сакаат и треба да се фокусираат. Потребно е развивање на програми и акции кои ќе го поддржуваат сето ова.
Од исклучително значење е мерењето да биде повторно направено во идната година со цел да се види напредокот во одредени сегменти, доколку го има.
Јавните установи, компаниите и малите и средни претпријатија да направат мерења на сопствените организациски култури со цел да дијагностицираат што навистина се случува кај нив на ниво на култура. Да ја дознаат стапката на ентропија во нивниот микро систем.
Посебно внимание треба да се обрне на 9те нови вредности кои се јавуваат во посакуваната култура. Ова е блиската иднина што нашиот граѓанин ја посакува и е спремен да инвестира во истата.
Вредностите: можности за вработување, грижа за идните генерации, квалитет на живот, финансиска стабилност, намалување на сиромаштијата, економски раст, еколошка свесност и свест за животната средина се непроценливи индикатори за тоа каде како нација треба да се фокусираме во следните неколку години.
4 од овие вредности припаѓаат на првото ниво, нивото на опстанок.
Истите покажуваат огромна потреба за нивно задоволување и тежнеење.
Моето лично мислење и препорака кон лидерите кои се грижат за напредокот, развојот и добробитот на нашата нација е да фокусираат подеднаков број на финансиски средства и енергија во развојот на предприемништвото колку што се инвестира во привлекувањето на странски инвеститори. Само погледнете ги првите 4 вредности на листата на посакувана култура: можности за вработување, грижа за идните генерации, квалитет на живеење и финансиска стабилност. Доколку на овие 4 им ги додадете 6тата намалување на сиромаштијата и 8мата вредност економски раст не треба да сте генијалец за да констатирате дека на нашиот систем му се неопходно потребни развој на предприемачки дух и финансиска оштроумност или писменост.
Фокусот само на странски инвеститори не е доволен и нема да може да ги задоволи овие потреба.
Енергијата за поддршка и развој на претприемачкиот дух е присутна и кај некои моментални лични вредности како амбиција, креативност и соработка.
За крај, финансиската писменост на Македонецот подитно треба да се подигне на ново ниво.
Една ипол милијарди Евра девизни резерви кои седат во народната банка и збираат базични камати е можеби најсигурниот но воедно и најмалку креативниот и најпасивниот начин за искористување на овој капитал. Ова најверојатно им одговара на само неколкуте конзервативни банки во државата.
Користејки ја креативноста и амбицијата за остварување на повисок економски раст и подобар квалитет на живеење лидершипот на Македонија има одговорност да изнајде иновативни и креативни начини потенцијалот да го претвори во вистински перформанси.
Времето за акција е сега и тука, или ќе се трансформираме и научиме да бидеме флексибилни и адаптабилни на хаптичното време кое владее во човештвотот (економијата) или ќе ја плаќаме цената на нашата сопствена култура. Изборот е наш. |