![]() |
![]() |
КОЛКАВА Е ЦЕНАТА НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КУЛТУРА? Вие сте лидерска и компанија која остварува профит Верувале или не се соочувате со невидлива вистина која ве кошта огромна енергија, време, перформанси и се разбира пари, многу пари. Причинителот, кој ве успорува да бидете уште подобри и уште попрофитабилни, дополнително ви ја намалува мотивацијата и искористеноста на вработените и по автоматизам ви ги зголемува трошоците и намалува профитот. За што станува збор? Се работи за факт непознат од многу компании. Станува збор за вашата Организациска Култура (ОК) и пред се нејзиното мерење. Доколку градите или поседувате одлична организациска култура, најверојатно ќе бидете врвна компанија која ги привлекува најталентираните вработени и остварува најдобри резултатаи. Доколку органзациската култура ви е слаба или токсична, луѓето и тоа оние највиталните и најдобри ќе почнат да ве напуштаат, ќе ви се зголемуваат трошоците, ќе станете скапи, спори и неконкурентни. Организациска Ентропија Еден од клучните параметри при мерењето на организациската култура е таканаречената Организациска Ентропија. Тоа е негативната и нерасположлива енергија која се наоѓа во организациската култура, односно во однесувањата и вредностите на вработените и менаџментот. Сватете ја организациската ентропија како запчаниците на вашата кола која додека е нова работи неколку пати подобро одошто кога запчаниците ќе се иззабат со неколку годишно возење. Секоја организација има организациска ентропија без исклучок. Некои компании имаат поквалитетна култура и помала ентропија, а некои за жал полоша култура со повеќе ентропија. Организациската ентропија има директно влијание на сите компаниски перформанси, се разбира вклучувајки ги тука и финансиските. Конкретно, доколку во вашата организација имате 20% ентропија тоа значи дека една петина од платите кои ги исплаќате на вработените ви се исчезнати од самиот почеток или секој петти работен ден ви е тотално непродуктивен. Една од неколкуте клучни причини заради кои ви препорачуваме да ја мерите вашата организацика култура е токму дознавањето и справувањето со нивото на ентропијата. Во Македонија на ниво на град Скопје според направеното мерење во 2008, ентропијата достигнува 48%. Во САД таа е 50% на ниво на држава. Колку е ентропијата во вашата компанија ќе знаете само доколку ја измерите. Една голема светска банка во 2005 година за првпат почнува со мерење на организациската култура. Во таа година ентропијата во банката изнесувала 25%. Во следните 4 години истата е намалена за 12% или 3% годишно. Колку губите и колку може да заштедите доколку ја менаџирате организациската култура? Ќе земам една сериозна, лидерска компанија на Македонскиот пазар. Името ќе и го променам и ќе ја крстам Аком. Истава пресметка може да ја направите за вашата сопствена компанија. Компанијата вработува над 1000 вработени. Според ревизијата на Делојте направена за Аком, компанијата за плати има вкупно потрошено:
Ова претставува годишно зголемување од 22,88% помеѓу 2007 и 2008. ДА ПРЕТПОСТАВИМЕ ДЕКА ВО ГОДИНИТЕ КОИ ДОАЃААТ ВО Аком ЌЕ ИМА САМО 10% ГОДИШЕН РАСТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ПЛАТИ.
Бидејки во Македонија ниту една компанија сеуште не ја мери својата култура, да претпоставиме дека Аком има помала организациска ентропија од Скопскиот регион, што е сосема нормално бидејки е бизнис ориентирана и поорганизирана. Нека е еднаква на горе напоменатата банка и изнесува 25%. Повторувам се додека не се измери организациската култура и ентропијата во нејзе неможе со точност да се знае колкава е таа. Значи компанијата може да има повисока и пониска ентропија. Како ова влијае на компаниските финансии? Доколку не започне со мерење и менаџирање на организациската култура, а годишната ентропија остане непроменета на 25%, компанијата ќе губи само на плати (со црвено означени) :
Или во текот на наредните 4 години компанијата ќе изгуби во неповрат
Компанијата на ентропија и понатаму ќе има губиток, но заштедата во намалената ентропија во денарска противредност би изгледала вака:
Или за период од 4 години во Аком би заштедиле само во ставката на плати кај вработените 348 515 107 МКД или 5 666 912 ЕВРА или 6.56% во истиот период.. Да повторам ова е заштедување само во доменот на плати и не ги напоменувам зголемената мотивација, продуктивност, задоволство на вработените и клиентите. Во што се состои решението? Првиот чекор кон градење на организациска култура која зрачи со одличност е мерењето. Се додека не ја измерите, вие неможете со сигурност да знаете која е вашата компаниска култура. Со мерењето ќе ја дознаете организациската ентропија и колку губите поради нејзе. Мерењето ќе ви овозможи прецизно да ја менаџирате и со сигурност да креирате стратешки развојни програми кои ќе креираат пред се промена на ниво на однесувања и вештини. Игнорирањето и немерењето на Организациската Култура е нешто што не смеете да си го дозволите во услови на сериозна економска слабост на глобално ниво. Вие сте како хирург кој оперира без претходен рентген... Како морепловец без компас... ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ОКОЛУ КОМПЛЕТНОТО МЕРЕЊЕ И МЕАЏИРАЊЕ НА ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА ГО ДИЗАЈНИРАВМЕ ТРЕНИНГОТ ЗА:
|