ДИЈАМАНТСКИ КОУЧИНГ
за
ЛИЧЕН РАСТ И РАЗВОЈ



COACH ERA Group
К О У Ч И Н Г за Личен Раст и Развој
Насочување кон најдоброто во вас и за вас

За разлика од организациските, овие услуги се фокусирани на вас како индивидуа и вашиот физички, ментален, емоционален и духовен раст и развој.

Од подобрување на спортските перформанси (доколку се бавите со спорт), преку усовршување на вашите квалитети, вредности, па се до постигање на врвни резултати во вашата кариера или образование, услугите за личен раст и развој имаат за цел да ве насочат кон најдоброто во вас и за вас.

Неможете да ги решавате проблемите со истиот начин на размислување на кој сте ги создале.
А. Ајнштајн

Ќе ја упростам оваа мудрост на Ајнштајн со еден пример.
Доколку цел живот сте биле дел од прикаска во која луѓето околу вас говореле дека, немате, неможете, дека сте мали македончиња, дека таква ни е државата, дека се туѓо е подобро од нашето...најверојатно вашиот живот ќе ве води во насока на истите и ќе го живеете обоен со нив.
Дури и да ви оди добро во животот таму надвор има и одлично, феноменално, а богами и блескаво.

Користејки ја мудростта на еден од најбрилијантните умови на модерното време, може да заклучите дека доколку сакате да имате резултати кои ги надминуваат “обичните неопходно е да користите некој нов начин на размислување или менаџирање на своите животи.

Доколку продолжите со користењето на стари алатки на размислување и менаџирање, едноставно кажано се изложувате да бидете во многу ранлива позиција и да тапкате во место.

Старите алатки и начини на функционирање се како стара инфраструктра која не соодветствува со новото време, како стара оловна пломба која е штетна и отровна во вашиот заб. Брзиот интернет е брз бидејки се потпира на оптички кабли, не на зарѓана жица.

На лично ниво, луѓето кои ги учат, користат и усовршуваат новите (ќе ги наречам технологии) стануваат вистински атлети-шампиони во споредба со оние кои не ги учат.

Проблемот со старите методи и алатки во континуитет се создава пред се поради тоа што едукативниот систем (од основно па се до факултет) ги користи истите стари методи и го трансферира и реплицира старото знаење. Сетете се на најголемиот дел од вашето образование. Вашите учители, професори и менаџери ви предавале, т.е. ви кажувале, покажувале и наредувале како се прави нешто во животот...

По што се разликува коучинг методологијата од гореспоменатите застарени алатки?


Методологијата и алатките се ултра модерни и најодговорно може да кажам дека коучинг алатките кои ги користам се еквивалентни на ласер или 3D во споредба со застарените методи на нашите добронамерни родители, учители и пријатели.

Јас нема да ви кажам, ниту ќе ви покажам што е најдобро за вас и како најдобро да стигнете до него. Вие сте сопственик на вашиот живот, знаење, моќ и потенцијалот кој е природно исткаен во вас. Вие сте дијамантот кој треба само да биде узбрусен со цел да светне и да заслепи со својот блесок.

Јас ќе бидам само ваш насочувач (коуч) кој ќе ве поддржува, балансира и предизвика да го замените старото со новото.

Што е коучинг?

Коучингот е ултра модерна методологија за постигнување на најдоброто во нас и за нас (читај мене).
Тоа е алатка која е креирана со спојување на модерната спортска, бизнис и психологијата за личен раст и развој и денес се користи подеднакво успешно во многу области, се со цел, луѓето и организациите да ги остварат своите највисоки цели и да живеат исполнети и квалитетни животи.

Зошто коучинг во вашиот живот?

Ова не се лесни времиња, но избор секогаш постои.
Може да кукаме и плачеме и да бидеме вечни жртви на немирното време, или да го избереме она што не прави исполнети, живи, страствени кон животот и да градиме во таа насока. Старите методи на едукација денес не се доволни за постигање на врвни цели и резултати.
Луѓето кои користеле коучинг ќе ви потврдат дека до врвните перорманси не се доаѓа само со читање на книги, гледање на видео обуки или слушање на аудио ленти.


На милиони луѓе ширум планетата, коучингот им овозможил да ги постигнат нивните највисоки цели и резултати во животот. На коучингот може да гледате како еден вид на спортски тренинг за ваш успех и подобрени перформанси.

Малку и за мене:

Доколку решите некогаш да работите со некој коуч, од се срце ви препорачувам да дознаете како е едуциран и кои биле неговите коучеви. Ова е важно пред се заради вас лично. Вие треба да знаете кој е оној кој ќе ве води.
КОУЧИНГОТ е искуствена методологија и за совладување на истата потребни се години на тренинг и работа на себе. Вашиот коуч мора да има подлога за да може да ве коучира.

Еве ја мојата кратка 16 годишна едукативна биографија:
Професионалната биографија видете ја овде.

1996 -1999: Ја користев за свој личен раст методологијата Holotropic Breath Work. создадена од проф. др. Станислав Гроф и неговата сопруга Кристина Гроф. Светски лидери во областта на трансперсонална психологија и терапија.
Бев дел од тренингот за
Holotropic Breath Work тренери и завршив 6 од 7 те модули на обуката или 90%. Имам над 500 часа тренинг по оваа методологија.
Планирам да го комплетирам тренингот.

1998 - 2001
: Основите на Психосинтезата.
Psychosyntesis and Education Trust - University of East London
Во овој период се подготвував за постдипломските студии по Психосинтеза.
За влез на овој тренинг беа потребни 80 часа тренинг по Психосинтеза и 50 индивидуални сесии 1 на 1. Бев примен на постдипломски студии дури на третото аплицирање.

2001 - 2003: Постдипломски студии по ПСИХОСИНТЕЗА
Psychosyntesis and Education Trust - University of East London
Овие студии се на мастер ниво и имаат 120 мастер кредити. Се работи за 3 годишен
искуствен тренинг со над 27 модули. Деталите можете да ги видите на линкот. Вкупниот број на тренинг часови е над 1500.
За да се добие дипломата морав да имам 72 индивидуални коучинг часа со тренер и јас да дадам 100 супервизирани часа со клиенти. Завршив прв во класата 26.
Ова е мојата диплома, (Има сув печат кој е невидлив на копирана слика)

2005 - 2007: Системски Констелации и коучинг
Mooving Constelations и NOWHERE GROUP - Лондон
Во овој период работам со една голема учителка и светски лидер во областта на системски констелации и системски коучинг, Judith Hemming
Над 300 тренинг часа.

2008 - Трениран и сум сертифициран од страна на Barret Values Centre за користење и работење со CTT (Culture Transformation Tool) алатките за менаџирање на лидерски вредности и организациска култура.

2009 - до ден денес: Студент сум на групата Diamon Heart Europe1 (DHE1) при
Ridhwan школаta. Учењето е модерна спиритуална методологија наречена Diamond Approach. Групата е водена од Jeanne Hay и лично супервизирана од оснивачот на школата A.H. Almaas.

ЦЕНА: 1500 МКД за едночасовна сесија

- за студенти, невработени, пензионери и лица со ниски примања нудам посебни субвенции.

Цените се без додатни трошоци.

З
АБЕЛЕШКА:
Првата сесија е обавезно да се изврши во директен контакт.
Потоа сесиите може да бидат и на скајп или телефон.


Жиро сметка: 210063667240174, НЛБ Тутунска Банка
Назив и седиште на примачот: Коуч Ера Груп

Цел на дознака:

За сите прашања што ги имате околу коучингот за личен раст и развој
контактирајте ме
на:

Личност за контакт: Виктор Куновски
Емаил:
viktor@skyisthelimit.org
Мобилен: 070 99 13 20
Skype ID: vikunovski

© КОУЧ ЕРА 2011



За повеќе информации и
детали околу
Коучинг-от
зачленете се и бесплатно
добивајте КОУЧИНГ
информации и едукација.
Со зачленувањето
како награда го добивате
"ВОВЕД во
КОУЧИНГОТ"
на Македонски.

Вашето име и презиме:*