КОУЧИНГ ЗА ЛИЧЕН РАСТ И РАЗВОЈ
Работилница отворена за сите кои сакаат да го подобрат квалитетот
на својот личен и работен живот.
Што е коучинг?
Коучингот е начин за максимизирање на потенцијалот и перформансите кај луѓето
и организациите.
Покрај спортските екипи и организациите, коучингот е незаменлива алатка во
полето на современиот личен раст и развој кај многу луѓе.
Зошто коучинг во вашиот живот?
Луѓето кои користат коучинг постигнуваат далеку подобри резултати од останатите.
Истото е потврдено во мерењата направени во организациите кои практикуваат коучинг.
Во Септември 2004 објавени се разултатите од истражувањеро од страна на ECI- Европски Коучинг Институт кој вели:
После тренинг во дадена област, продуктивноста пораснала во просек 22.4%.
Кога тренингот бил дополнет со коучинг, продуктивноста во просек била зголемена за 88%.
Според Брајан Трејси (Brian Tracy), коучингот е најбрзо растечка услужна дејност во светот која во 2006 година имала пораст од 100%.
Бенефити од личниот коучинг:
- Планирање на вашиот живот преку поставување на клучни стратешки цели на долг, среден и краток рок и начини за нивно постигнување.
- Подобрени перформанси и продуктивност во студирањето, работењето, врките со луѓето и воопшто
- Квалитетно искористување на времето, негово планирање и фокус кон личните цели
и ресурсите
- намален стрес, зголемен фокус и опуштеност во животот.
- Зголемена креативност, проактивност и лична одговорност
Што ќе добиете на работилницата:
- Вежбање на вештини за оддржување на присуство и свесност
- Идентификација на вашите моментални лични вредности и одредување на вредности кои ќе ве воздигнат дополнително во иднина
- Идентификација на вашата клучна животна цел која ќе ве исполнува, дава смисол во животот и води понатаму.
- Поставување на јасни интенции ( цели) и Стратегија за достигање на истите во согласност со вашата клучна животна цел.
- Јакнење на волјата на патот кон зацртаните цели
Оваа работилница е отворена за сите кои сакаат да го подобрат квалитетот на својот личен и работен живот.
И за тие кои дополнително сакаат:
- Зголемена лична креативност, мотивација и самодоверба
- Подобрени меѓучовечки односи
- Превземање на ризици и предизвици, адаптирање кон промените
КОУЧ ЕРА е иновативна консултантска куќа, специјализирана во полето на егзекутивен коучинг, лидерски развој и трансформација на корпоративната култура.
Работилницата ја води Вашиот коуч - Виктор Куновски, Основач и директор на
КОУЧ ЕРА
КОГА: 19-20 Февруари 2010.
ВРЕМЕ: петок: 12:00-18:00ч. сабота: 09:00-15:00ч
ЦЕНА: 4.500 ден (Цената е без додатни трошоци)
МЕСТО на одржување: Скопје (точната локација ќе биде одредена 5 дена пред почеток на курсот и секој учесник ќе биде благовремено известен)
ЗАБЕЛЕШКА: Бројот на местата е ОГРАНИЧЕН.
Вашето присуство мора да го потврдите со уплата на долната сметка најкасно 3 дена пред
почетокот на работилницата.
Жиро сметка: 210063667240174, НЛБ Тутунска Банка
Назив и седиште на примачот: Коуч Ера Груп
Цел на дознака: едукативна работилница
За сите прашања што ги имате за обуката и за да резервирате место контактирајте не на:
Емаил: viktor@skyisthelimit.org
Телефон: 02 5297038
Мобилен: 070 956 977
Skype ID: vikunovski
Личност за контакт: Виктор Куновски
Што велат учесниците на нашите работилници :
Kоучингот е техника која не стимулира и не води во насока на јасно дефинирање и
постигнување на личните цели преку прашања и дискусија, воедно вклучувајки и елементи на забава, љубопитност и е многу корисна бидејки допринесува дасе зголеми нашата свесност за успешно да ја постигнеме целта. Исто така ја зголемува нашата верба и самодоверба.
Кети Петровска, Гевгелија
Moite impresii vo odnos na koucingot se ogromni.
Imeno, Viktor preku svoite predavanja (jas povekje bi rekol umesno kouciranje) ni ja pretstavi sustinata na edinstvenata beskonecna mokj na covekot, a toa e negovata sposobnost za razmisluvanje. Preku ovoj kurs licno nauciv, a nesomneno i stanav svesen za potrebata od samo-omokjnuvanje t.e. prosiruvanje na poleto na sopstvenoto vlijanie vrz okolinata. Koucingot mi pomogna vo rascistuvanjeto na sopstvenite percepcii vo odnos na svoite zelbi, prednosti i nedostatoci, rezultirajkji vo koncizno odreduvanje na patot na svojata idnina.
Aleksandar Kiracovski, BSC Bitola
Не само што е техника за корисен разговор помеѓу две личности кој води кон постигање на резултат, коучингот е стил на живеење, начин на секојдневно изразување.
Го користам во во секоја прилика, секаде и колку повеќе експериментирам се повеќе ме изненадува моќта на оваа техника.
Лазе Трајков, Гевгелија
Ја посетував обуката за лидерски коучинг организирана од страна на Коуч Ера. Мојот впечаток е дека Коуч Ера нуди одлична алатка која може многу да ви помогне во работните односи и да ве научи да бидете подобар лидер. Доколку, пак се одлучите да ја примените и во приватниот живот (што искрено препорачувам), ќе почувствувате неверојатна промена на подобро. Ќе можете подобро да си го организирате животот, а во крајна линија да бидете и подобри родители. Топло го препорачувам семинарот на секој кој држи до себе и сака да напредува во својот личен раст и развој. Виктор Куновски го доживеав како одлично подготвен, енергичен предавач, подготвен да слуша и да се прилагоди на групата, и одличен коучер, пред сé. Виктор и Нела, ви благодарам од се срце!
Гордана Гоџо
СИНЕРГИЈА +
Обуката за лидерски коучинг ја доживевав како вистинско откровение и тоа од повеќе аспекти...несекојдневна, не е клише и веќе видена, отвара видици, инспиративна, иновативна, толку едноставна но моќна алатка, повеќе ја доживувам како азбука која секој лидер треба да ја применува во подобрување на комуникацијата помеѓу своите вработени, нивно мотивирање и постигнување на подобри резултати во компанијата и секако во личната надградба која носи бенефит во сите аспекти на денешното модерно живеење. Од се срце ја препорачувам обуката на сите кои сакаат да се здобијат со нови знаења и да се надградат во својот личен раст и развој. Благодарност до КОУЧ ЕРА која ни овозможи и донесе една ваква позната и призната светска техника кај нас, со што стануваме лидер во регионот но и во југоисточна Европа. Благодарност до Виктор и Нела за вистинската ВРЕДНОСТ која ни ја дадовте мене и на целиот тим на Синергија плус.
Емилија Али
СИНЕРГИЈА +
Повеќе за нашите клиенти од Македонија и Балканот, нивните препораки и изјавикликнeте овде...