![]() |
![]() |
Всушност ОК е толку моќна и важна, што кога истата не е во усогласеност со бизнис стратегијата, таа претставува вашиот најголем и најстрашен противник на пазарот. Во оваа насока, светски водечката консултантска куќа ДЕЛОЈТЕ во свој неодамнешен извештај вели: Културата ја појадува бизнис стратегијата за доручек, посочувајки колку бизнис стратегијата е немоќна доколку е неусогласена со вашата култура. Со други зборови, имплементацијат на било која бизнис стратегија без ласерски прецизно познавање на организациската култура е грешка која може да се спореди само со летање на авион без радар. Зошто вам и на вашата компанија ви е потребно менаџирање со лидерските вредностите и организациската култура? За да ги максимизирате перформансите во сите свери на функционирање на бизнисот и да бидете феноменална компанија со ТОП РЕЗУЛТАТИ. Погледнете ја следнава дефиниција:
Профит, Финансии Квалитет, Ефикасност Продажба, Услуги кон клиентот Креативност, Иновација Социјална одговорност Исполнетеост на вработените...и сите компоненти од вашиот ЕБИТ(добивка пред оданочување) Под интервенции спаѓаат менаџерските вештини, однесувања и стилови. Дури и кога сте профитабилни, вашата компанија секојдневно губи клиенти, енергија, време и пари, поради слабата и некохезивна организациска култура и лимитирачки вредности. Болката што секој ден ве кошта милиони денари и ги афектира сите ваши перформанси, а на жал неможете ни да ја видите доколку не ја измерите, се вика ТОКСИЧНА И НЕУСОГЛАСЕНА ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА (ОК). Токсичната култура се лимитирачките вредности и однесувања кај вашите менаџери и вработени (криење на информации, внатрешна компетиција, обвинување, работење долги саати, бирократија, непотизам, корупција, алчност, ароганција, манипулација итн). Кои од овие или слични лимитирачки вредности ги препознавате во вашата организација? Овој невидлив непријател на вашиот бизнис, труд и успех е невозможно да се види доколку не го мерите. Со поинакви зборови мерењето на организациската култура е еквивалентно со редовен здравствен тест за предвремено откривање на одредени заболувања а лимитирачките вредности се болестта што ве измачува. Со горната споредба немаме намера да бидеме драматични, едноставно сакаме да ви асистираме да бидете вистински лидери и шампиони на пазарот. Ова не е празна теорија, ова се знаења, испитувања и искуства на над 2000 компании кои успешно ја применуваат методологијата за мерење и менаџирање на ОК. Истите покажуваат дека компаниите кои нема да ја препознаат важноста на кохезивна и здрава организациската култура и ќе го игнорираат овој факт секојдневно губат енергија, квалитетни луѓе и на крај се разбира пари, МНОГУ ПАРИ. Искуствата на над 2000 светски реномирани компании меѓу кои L'oreal, Kellogg's, IKEA, ANZ Bank, Volvo, Nestle, PricewaterhouseCoopers, ING Bank, UNILEVER... покажува дека менаџирањето на човечкиот капитал, зголемувањето на перформансите, задржувањето на најталентираните луѓе мора да биде поддржано со континуирано мерење и менаџирање на културата и вредностите во вашата компанија.
Видете го примерот на UNILEVER BRAZIL и дознајте како оваа компанија профитира од мерењето и менаџирањето со својата организациска култура. КОУЧ ЕРА е единствената консултантска куќа во Македонија и пошироко која е специјализирана во областта на мерење и менаџирање со ОК. Поседуваме лиценца од страна на Barrett Value Center кои се наши стратешки партнери со над 10 години глобално искуство, светски лидери во областа на мерење и менаџирање со вредности и организациска култура. Работејки со нас вие имате директен контакт со глобална мрежа на специјализирани консултанти во оваа област и над 2000 организации и нивните искуства. За разлика од останатите, вашата организациската култура со КОУЧ ЕРА и Barrett Value Centre, не е невидлива и апстрактна тема на бескрајна теории и предавања. Ние ви нудиме ласерски прецизна дијагностика на вашата организациска култура која ќе ви го покаже со дијамантска чистота вашето организациско здравје и функционирање. На овој начин ОК од невидлив непријател ви станува вистински партнер кон врвот. Добивате претстава кои вредности и однесувања се штетни за вас, ве лимитираат и треба да се заменат со нови, поквалитетни вредности кои ви даваат успешност, енергија и моќ. Добивате прецизен патоказ за градење на усогласеност во тимот Крајниот резултат на овој процес е создавање на шампионска организација, со врвни перформанси.
- Запознавање со Организациската Култура - Срцето и Мозокот на вашата организација - Соочување со фактот, колку лимитирачките вредности ја коштаат вашата организација/бизнис. Акционен план за нивно трансформирање. - Како да постигнете кохезија во компаниското функционирање. Важноста на мерењето на културата за компаниските перформанси - Идентификација на вашите лидерски вредности и нивно зајакнување - Идентификација на сегашните и посакуваните компаниски вредности и однесувања, како истите влијаат на вашите перформанси И за тие кои дополнително сакаат: - Промена на организациската култура - Зголемена креативност и мотивација - Подобрени меѓучовечки односи и зајакнување на тимската работа - Превземање на ризици и предизвици, адаптирање кон промените Доколку сте заинтересирани за истава исклучиво за вашиот тим или организација, контактирајте не за термин кој вас ви одговара. ВРЕМЕ: 12:00-17:00ч. ЦЕНА: по учесник 4.900 МКД Цените се без додатни трошоци.
11:30-12:00 Пријавување и регистрирање
Ја посетував обуката за организирана од страна на Коуч Ера. Мојот впечаток е дека Коуч Ера нуди одлична алатка која може многу да ви помогне во работните односи и да ве научи да бидете подобар лидер. Доколку, пак се одлучите да ја примените и во приватниот живот (што искрено препорачувам), ќе почувствувате неверојатна промена на подобро. Ќе можете подобро да си го организирате животот, а во крајна линија да бидете и подобри родители. Топло го препорачувам семинарот на секој кој држи до себе и сака да напредува во својот личен раст и развој. Виктор Куновски го доживеав како одлично подготвен, енергичен предавач, подготвен да слуша и да се прилагоди на групата, и одличен коучер, пред сé. Ви благодарам од се срце!
|
Tweet
|
||||||||||||||