COACH ERA Group    


ЛИДЕРСКИ ВРЕДНОСТИ
и менаџирање со
ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА


БИДЕТЕ ЛИДЕР И ВОДЕТЕ ЈА КОМПАНИЈАТА
ДО ПОСАКУВАНАТА ЦЕЛ


Што се вредности и организациска култура?

Вредности
се она што ни е најважно на индивидуално и колективно ниво.
Истите се знак на она што најмногу не мотивира или демотивира.
Организациска култура, е збирот на вредностите на сите членови на организацијата-системот.

Зошто вам и на вашата компанија ви е потребно менаџирање со вредностите и организациската култура?

Запомнете ја долната дефиниција:

ПЕРФОРМАНСИ = ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА x Интервенции

Под перформанси се подразбира се:

Профит, Финансии
Квалитет, Ефикасност
Продажба, Услуги кон клиентот
Креативност, Иновација
Социјална одговорност
Исполнетеост на вработените...Сите компоненти од вашиот ЕБИТ(добивка пред оданочување)


Под интервенции спаѓаат менаџерските вештини, однесувања и стилови.

Дури и кога сте профитабилни, вашата компанија секојдневно губи клиенти, енергија, време и пари, поради слабата и некохезивна организациска култура и лимитирачки вредности.

Денес за одличните перформанси на вашите менаџери и вработени не се доволни искуствата на некои светски лидери во областите на човечките ресурси или маркетинг. Дополнително, кога истиве експерти немаат допирна точка со вашата бизнис реалност, условите во кои функционирате, ниту пак имаат можност да ја измерат вашата организациска култура и континуирано да ја следат, сметајте ја инвестицијата за тотално промашување.

Одличността нема да ја постигнете ниту со дводневниот тренинг на вашите менаџери, бидејки и во овој случај недостасува континуитет во процесот на едукација и промена на однесувањата и вештините. Грешката да ја воочите оваа заблуда ве кошта огромни средства секој ден. Во случај на поголемите компании станува збор за милионски суми.

За одличност во 21от век потребни се иновативни методи од 21от век.

Искуствата на над 1000 светски реномирани компании, покажува дека менаџирањето на човечкиот капитал, зголемувањето на перформансите, задржувањето на најталентираните луѓе мора да биде поддржано со континуирано мерење и менаџирање со културата и вредностите во вашата компанија.

Не случајно, двајца светски еминентни бизнис лидери и авторитети во своите полиња, Robert S. Kaplan (Harvard Business School) и David P. Norton (The Renaissance Strategy Group) Креатори на "the Ballanced Scorecard" велат дека:

Доколку не можете да ја измерите, нема да можете да ја менаџирате.

Нашите испитувањата и искуствата на над 1000 компании кои успешно ја применуваат методологијата, покажуваат дека компаниите кои нема да ја препознаат важноста на организациската култура и ќе го игнорираат фактот и потребата за нејзиното мерење и менаџирање, секојдневно губат енергија, квалитетни луѓе и на крај се разбира пари, многу пари.

Што  ќе добиете на работилницата:

- Запознавање со најпрецизните алатки кои денес постојат на пазарот во оваа област, aлатките за мерење и трансформација на организациската култура Culture Transformation Tools (CTT)

-
Идентификација на вашите лидерски вредности и нивно зајакнување

- Идентификација на сегашните и посакуваните компаниски вредности и однесувања и како истите влијаат на вашите перформанси

- Соочување со фактот, колку лимитирачките вредности ја коштаат вашата организација/бизнис

- Како да постигнете кохезија во компаниското функционирање и важноста на мерењето на културата за компаниските перформанси

Оваа работилница ја препорачуваме за:
Извршни директори и Менаџери за човечки ресурси, пред се поради фактот дека одлуката за мерење и менаџирање со вредности и организацика култура мора да биде донесена од највисокото ниво на менаџери во една компанија или организација.
Итата е корисна за студенти и консултанти во областта на Човечки Ресурси, менаџмент со промени, менаџмент со тален и организациска култура.  

И за тие кои дополнително сакаат:
- Да дојдат до огромни заштеди на енергија, и пари во својот бизнис

- Да ги задржат најдобрите и најталентирани кадри во своите редови


- Да менаџираат поефикасно со помалку напор и да ги подобрат перформансите во организацијата

- Промена на организациската култура

- Зголемена креативност и мотивација

- Подобрени меѓучовечки односи и зајакнување на тимската работа

- Превземање на ризици и предизвици, адаптирање кон промените

КОУЧ ЕРА е иновативна консултантска куќа, специјализирана во полето на егзекутивен коучинг, лидерски развој и трансформација на корпоративната култура.

Работилницата ја води Вашиот коуч - Виктор Куновски, Основач и директор на

КОУЧ ЕРА
,
единствен лиценциран Culture Transformation Tools (CTT) консултант во Македонија од страна на Barrett Value Center, светски лидери во областа на мерење и менаџирање со вредности и организациска култура.

КОГА:   26 Март 2010.

ВРЕМЕ: петок: 12:00-18:00ч.

ЦЕНА:    5.900 ден (Цената е без додатни трошоци)

МЕСТО  на одржување:
The University American College Скопје,
Трета македонска бригада бб,
Скопје 1000

ЗАБЕЛЕШКА:
Вашето присуство мора да го потврдите со уплата на долната сметка најкасно 3 дена пред почетокот на работилницата.


Жиро сметка: 210063667240174, НЛБ Тутунска Банка
Назив и седиште на примачот: Коуч Ера Груп

Цел на дознака: едукативна работилница

За сите прашања што ги имате за обуката и за да резервирате место контактирајте не на:

Телефон:
02 529 7038
Мобилен:
070 956 977
Мејл: viktor@skyisthelimit.org
Skype ID:
vikunovski
Личност за контакт: Виктор Куновски


Што велат учесниците
:

Ја посетував обуката за лидерски коучинг организирана од страна на Коуч Ера. Мојот впечаток е дека Коуч Ера нуди одлична алатка која може многу да ви помогне во работните односи и да ве научи да бидете подобар лидер. Доколку, пак се одлучите да ја примените и во приватниот живот (што искрено препорачувам), ќе почувствувате неверојатна промена на подобро. Ќе можете подобро да си го организирате животот, а во крајна линија да бидете и подобри родители. Топло го препорачувам семинарот на секој кој држи до себе и сака да напредува во својот личен раст и развој. Виктор Куновски го доживеав како одлично подготвен, енергичен предавач, подготвен да слуша и да се прилагоди на групата, и одличен коучер, пред сé. Виктор и Нела, ви благодарам од се срце!

Гордана Гоџо
СИНЕРГИЈА +


Обуката за лидерски коучинг ја доживевав како вистинско откровение и тоа од повеќе аспекти...несекојдневна, не е клише и веќе видена, отвара видици, инспиративна, иновативна, толку едноставна но моќна алатка, повеќе ја доживувам како азбука која секој лидер треба да ја применува во подобрување на комуникацијата помеѓу своите вработени, нивно мотивирање и постигнување на подобри резултати во компанијата и секако во личната надградба која носи бенефит во сите аспекти на денешното модерно живеење. Од се срце ја препорачувам обуката на сите кои сакаат да се здобијат со нови знаења и да се надградат во својот личен раст и развој. Благодарност до КОУЧ ЕРА која ни овозможи и донесе една ваква позната и призната светска техника кај нас, со што стануваме лидер во регионот но и во југоисточна Европа. Благодарност до Виктор и Нела за вистинската ВРЕДНОСТ која ни ја дадовте мене и на целиот тим на Синергија плус.

Емилија Али
СИНЕРГИЈА +

Повеќе за нашите клиенти од Македонија и Балканот, нивните препораки и изјавикликнeте овде...

© КОУЧ ЕРА, 2010