Koучинг веб билтен
Виктор Куновски, Ноември 2008, за дневникот БИЗНИС
Новите принципи на Бизнисот
Кој си и за што се залагаш (кои се твоите вредности)
е исто толку важно како што продава
Како што влагаме во 21 век, јасно е како бел ден, дек starite стилови на водење на бизнис се неоддржливи и едноставно колабират. Мутантите од типот на Алан Гринспан, Џек Велч, Доналд Трамп и останати бизнис лидери на кои што им се восхитувавме и од кои што учевме како да правиме бизнис, полека но сигурно ќе влезат во историјата на бизнис лидерствотот. Теориите на бизнисот на 20 век, кои го креираа модерниот свет, кој денеска виси на ивицата на тотален финансиски колапс и планетарно труење и самоуништување, не се доволни за успешно менаџирање на компаниите во новиот век и не му служат на општеството глобално.
Новите теории кои се појавуваат се
- Штити и оддржувај ја природата
- Третирај ги луѓето и друштвото со почит
- Служи му на општото добро
И додека Саркози и Буш се измачуваа минатиот месец да го именуваат новиот капитализам со прифатливо и оддржливо име за новиот милениум (на крај го нарекоа Демократски Капитализам) современите бизнис лидери не учат дека полека, сите ние влегуваме во ерата на Сочуствителен Капитализам или капитализам со душа.
Веќе не е доволно да имате одличен производ или услуга, мора покрај тоа да ги почитувате правилата кои го поддржуваат општото добро. Постои голема свесност насекаде низ светот дека алчноста и самоинтересот на бизнисот и тие што го водат, се с`ржта на огромен број општествени болести (глобално затопливање, светска економска криза, над една милијарда гладни на планетава итн.)
Ако ова што го пишувам ви звучи како модерен идеализам, да знаете дека тоа и е, но овој пат текстов не го пишувам туку го преведувам од книгата на светскиот реномиран експерт во полето на вредносно лидерство, господинот Ричард Барет.
Во својата книга `Ослободување на корпоративната душа` Барет продолжува и вели дека нај успешните компании во 21от век ќе бидат оние кои се одговорни членови на локалната заедница и добри глобални граѓани. Овие компании ќе се грижат да ги изедначат вредностите на компанијата со вредностите на општеството. Вредностите по кои една компанија ќе биде позната, ќе влијаат врз одлуките на купувачите да ги користат нивните производи и услуги. Исто така компаниските вредности ке бидат клуч за изборот и квалитетот на вработените кои ги привлекуваат.
Денеска веќе не е доволна хипокризијата на компаниите и нивните лидери дека се одговорни социјални граѓани и допринесуваат со зборови напишани на нивниот веб сајт или во нивната изјава за визија и мисија.
Како за пример, сопственици на еден од најголемите згадувачи на околината во Македонија (не е само еден и не е само во Македонија), чии производи поради лошиот квалитет и стандарди и покрај неопходноста дури и Косово не ги сака, на својот веб сајт ги имаат наведено следниве прекрасни вредности и принципи
- Сигурност како приоритет
- Заштита и почит на околината и природата
- Транспарентност во сите свери
- Доминантна грижа за човековиот фактор
- Почит за клиентот
- Корпоративна социјална одговорност
Но каде се вистинските резултати од ова навидум извонредна листа на вредности.
Пред 2 недели на вести беше објавено дека селаните од околното село каде што се наоѓа овој супер успешен бизнис се разболуваат надпросечно од рак а жените неможат да раѓаат ко што треба.
Се до моментот додека вредностите искажзни со зборовите не ги претвоиме во дела и реалност ќе бидеме не само препознаени но и ќе останеме штетни лажговци кои егзистираат под чадорот на сопствениот профит и негрижа за останатиот свет.
Успешен бизнис....зарем не....ма ајде.....време е за промена и растење.
Во следниот број следува продолжението на овој текст и Новите теории за организациска ефективност се
==================================================================
Новите теории за организациска ефективност се
Принцип 1
Културниот капитал е новата компетитивна предност
Со растот на компетицијата во глобалната економија, компаниите препознаваат дека нивната натпреварувачка предност лежи во вработувањето и задржувањето на најдобрите луѓе, а во исто време и искористување на највисоките нивоа на продуктивност, креативност и знаење кај вработените.
За да го постигнат ова, компаниите ќе мора да инвестираат во нивниот културен капитал и да се фокусираат во создавање на таква корпоративна култура и работна атмосвера која ќе донесе персонално исполнување кај сите во организацијата.
Ова значи дека организациите ќе мора да се грижат за физичките, емоционалните, менталните и спиритуалните потреби на своите вработени.
Работни и тренинг програми кои се грижат само за физичките потреби на вработените не се доволни. Компаниите ќе мора да ја намалат бирократијата, зголемат одговорноста за своите постапки, да го наградуваат претприемачкиот дух и да бараат активна партиципација на своите вработени, паралелно со обезбедувањето на солидна плата и добри работни услови. Дополнително компаниите ќе мораат да им овозможат на своите вработени да ги задоволат своите духовни мотивации со тоа што ќе им доделуваат работни задачи кои им даваат вистинска смисла и преку кои ќе можат да направат вистинска разлика или да бидат во служба на нивните локални заедници. Компаниите и нивните лидери ќе траба да креираат клима на одговорност, отвореност, поддршка и доверба со цел да им помогнат на вработените да станат најдоброто што можат да бидат.
Принцип 2
Ораганизациското трансформирање започнува со лична трансформација
Или трансформирање или банкротирање, по случајот на светските финансиски институции.
Организациите не се трансформираат, луѓето во нив се трансформираат.
Организационата култура ја креираат и развиваат лидерите. Во корпорациите, организациите и владите ако сакате, организациската културта е одсјај на културата и вредностите на моменталниот лидер-лидери, но и на она што нивните претходници го оставиле. Успешните компании ги промовираат лидерите од внатре, некои други го увезуваат новиот лидер и лидерски стил од надвор да ги трансформира.
Ако сакате да ја трансформирате вашата компанија, тогш прво трба да ги трансформирате вашите верувања, вредности и однесувања на вашите топ лидери и менаџери. Милиони и милиони се трошата секоја година на тренинзите за личан развој на средниот слој на менаџери. На овие курсеви овие менаџери го осеќаат вкусот на трансформацијата, но кога ќе се вратат на работа истиве сваќаат дека нивните ново научени вештини не се добредојдени кај нивните претпоставени. Тренингот во овој случај користел само за даги исфрустрира кутрите млади менаџери и да ги оддалечи што подалеку од нивните компании со застарена култура. Ако лидерско-менаџерскиот тим не е во состојба да даде пример за вредностите и однесувањата тогаш нема шанси за отганизациско трансформирање.
Без разлика на твојата позиција во компанијата, ако сакаш да ја трансформираш мора да почнеш со себе. Лидерите им долажата на своите колеги и на акционерите константна посветеност и грижа за нивниот личен развој. Тренизнзите за лична трансформација, коучинг и емоционална интелегенција стануваат основи за личниот развој на менаџерот-лидер.
Принцип 3
ако неможеш да измериш, неможеш да менаџираш
Манаџирањето со перформанси стои во срцето на културната трансформација и континуираниот развој. Мора да бидете во состојба да ја идентификувате промената која што сакате да се случи (критичан фактор за успех) и да го измерите прогресот на патот кон промената доколку сакате да креирате ефективна организација.
Се повеќе организации согледуваат дека нивниот културен капитал е една од најважните движечки сили за организациската ефективност која пак ги движи финансиските прформанси на бизнисот.
Традиционално, организациите не го мереле културниот капитал бидејки
а) немале рамка и алатки за мерење на вредностите
б) лидерите имале недостаток на посветеност кон процесите на лична трансформација и промена во однесуването
Алатите за мерење на културниот капитал сега егзистираат и притисокот на акционерите да се зголеми нивната вредност и да се натпреваруваат за најдобриот талент на глобалниот пазар, ги притискаат компаниите да се загледаат навнатре, да ги преиспитаат своите вредности и да се фатат на трансформациски проекти кои се фокусираат на лична и организациска трансформација и промена на однесувањата.
Се повеќе и повеќе организации препознаваат дека достигањето на нивните критични фактори за успехот, како на пример финансиските перформанси, квалитетот на услугите или социалниот импакт се движени од културниот капитал на нивните луѓе.
Времето за промени е сега. Превземете оговорност и акција
| Design
2008
by the ZEN Syndicate |