|
|
ЛИДЕРСКИ РАЗВОЈ И ОДЛИЧНОСТ
Кои се клучните компоненти за креирање на одлична лидерска развојна тренинг програма во вашата компанија / организација?
Денес пазарот изобилува со стотици тренинг провајдери и понуди од кои што можете да изберете.
Големиот избор не гарантира успех и најчесто лидерските тренинг програмите за развој на вработените, менаџерите и нивните лидерски вештини не ги достигнуваат саканите резултати.
Како е можна оваа ситуација? Што се случува?
Дозволете да ви дадам неколку примери:
Еминентни бизнис лидери доаѓаат во нашата држава како гости говорници и предавачи. Нивното искуство е неоспорно и зрачи со одличност. Говорат 5-6 часа пред публика од стотици Македонски менаџери. Нивните говори се несомнено квалитетни. На крајот добиваат аплауз, потпишуваат копии од нивните најнови книги се сликаат со учесниците и потоа заминуваат назад, илјадници километри далеку од бизнис реалността во нашата земја.
Мултинационална компанија организира коучинг тренинг за своите менаџери. Присутни се сите освен главниот менаџерски ешалон.
Тренингот е одличен вовед во принципите и методите на коучингот. Учесниците го оценуваат со највисоки оцени и често коментираат дека нивните главни менаџери треба да го посетат истиот.
Сепак до тоа не доаѓа...
И во двата примера, настаните им носат бенефит на учесниците.
Но вака организирани настани не се доволни да креираат извонредни лидери, фантастични перформанси, да ги зачуваат најталентираните вработени и да донесат најдобри финансиски резултати на вашата компанија.
Горенаведените примери се замена, слаб и неодлучен обид за создавање на лидерска одличност и најчесто завршуваат безуспешно. Овие обиди се за доволни (2ка) или добри (3ка) резултати. Каде се одличноста и шампионскиот дух (5ките)?
Учителот ЈОДА, оној брилијантен лик од војната на ѕвездите на својот ученик Лук Скајвокер му вели:
- Do, or do NOT. - Направи го или не го прави воопшто.
- There is no Try. - Нема "Ќе Пробам"
Сметам дека 3 клучни компоненти се основни за дизајнирање и имплементирање на лидерска програма која зрачи со одличност:
1. Вредностите на клучните менаџери во компанијата мора да се измерат и да бидат споредени со вредностите на останатиот дел на вработените во компанијата. Ова е клучниот прв чекор.
Дополнително, доколку во еден ваков лидерски развоен програм, не се вклучени
највисоките извршни менаџери во една компанија, може да ја сметате вашата инвестиција за однапред пропадната.
Ние ви го препорачуваме користењето на Лидерскиот Вредносен Асесмент и Културниот Вредносен Асесмент во оваа фаза.
2. После извршеното мерење, континуирана кочинг програма е неопходна со цел да се постигнат посакуваните промени на ниво на вештини и однесувања.
Доколку компанијата нема развојна лидерска програма, оваа фаза
идеално би требало да трае 12 -15 маесеци. Во овој период 2 компоненти треба да бидат покриени:
а) 12-24 еден на еден коучинг сесии за секој од клучните менаџери, т.е. една до две сесии месечно.
Експерт надворешни коучеви (тим од коучеви) треба да го водат
овој процес во почетната фаза.
b) Континуирани групни тренинзи за егзекутивните менаџери во кои ќе се ревидира константно компаниската визија, вредности и ќе се развивааат коучинг и лидерските вештини кај егзекутивците.
Овие две компоненти се потребни со цел егзекутивните менаџери да ги вкоренат новите лидерски и коучинг вештини во
своите стилови и начин на менаџирање. Со ова целосната култура во оргзнизацијата ќе почне да се менува од внатре, не од надвор, што претставува огромана разлика.
3) Неопходноста од мерењето на вредностите и организациската
култура е најважно за следење на промените кои настануваат.
Мерењата треба да се повторуваат на секој 12-15 месеци.
Доколку не можете да измерите, нема да можете да менаџирате.
ЈА ИМАМЕ ПРОГРАМАТА СПРЕМНА ЗА ВАС
Скроена по ваша мерка, програмата ОДЛИЧНОСТ во ПЕРФОРМАНСИТЕ ќе креира промена во вашата компанија, во вашиот личен и компаниски лидерски стил и размислување, во вашите однесувања и перформанси.
Оваа програма не започнува од место на слабост.
Оваа програма е за подигање на луѓето од добро кон конзистентно одлично.
Ви препорачуваме, нај сениорните менаџери од менаџерскиот
тим да бидат први кои ќе учестуваат во оваа програма.
Еднодневна Тренинг Обука
дел од програмата
ОДЛИЧНОСТ во ПЕРФОРМАНСИТЕ
12 Март 2010 Скопје
ЛИДЕРСКИ ВРЕДНОСТИ
и
менаџирање
со
ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА
|
|
|
За да добивате дополнителни информации за
креирање и развој на ОДЛИЧНО ЛИДЕРСТВО во вашата компанија
оставете ги вашите податоци доле.
|
Зачленете се и добивајте го
КОУЧ ЕРА
електронскиот веб едукаторот.
Со зачленувањето
како награда ќе добиете практичник за вовед во КОУЧИНГОТ на
Македонски Јазик
:
|
|