![]() |
Биди најдоброто што можеш да бидеш, |
| КОУЧ ЕРА Груп е иновативна консултантска куќа, специјализирана во полето на егзекутивен коучинг, лидерски развој и трансформација на корпоративната култура.
Една од нашите клучни вредности е Грижа за идните генерации. Со таа цел, во партнерство со AIESEC, КОУЧ ЕРА во тек на неколку дена, ќе оддржи еднодневни коучинг работилници на кои преку коучинг ќе им асистира на 250 млади апсолвенти да ги креираат своите ТОП CVа и да ги страртуваат своите кариери и тргнат во освојување на врвот. Како ќе работиме? 1. Даунлоудирајте C.V. со Европски стандарди. кликни 2. Пополнете го вашето CV макар и половично. Изработката на CV е вистинска уметност. Имајте во предвид дека првиот чекор кој треба да го направите во насока на интервју и што треба да ве продаде кај саканиот работодавач е вашето ТОП CV. На пазарот на работна сила во Македонија и во светот постои неверојатна конкуренција. Затоа вашето CV треба да задоволува одредени стандарди. Се смета дека работодавците и менаџерите на човечки ресурси посветуваат околу 30 секунди на едно ново CV. Неколку примери за квалитетно CV: Пример 1, Пример 2, Пример 3. Користете ги примерите и информациите во нив како урнек за градење на содржината и пополнување на вашите CVа. 3. Со пополнето CV, ќе дојдете на една од нашите коучинг работилници каде што вашето CV ќе треба да го достигне максимумот. Дополнително, ќе треба да креирате и мотивациско писмо. Примери за мотивациско писмо: Пример А, пример Б. 4. Ново креираното и подобрено CV ќе го пратите кај нас заедно со вашето мотивациско писмо и ние дополнително ќе ви дадеме фидбек со цел уште повеќе да го подобрите.
|
|