COACH ERA Group



Мерењето е важно
, Ако неможете да го измерите, нема да можете да го менаџирате.

Robert S. Kaplan, David P. Norton, (The Balanced Scorecard)


en


МЕНАЏИРАЊЕ НА КУЛТУРЕН КАПИТАЛ
Културниот Капитал е најголемата моќ на вашата организација-бизнис.


Во доба на зголемен локален и глобален натпревар, способността на организацијата да изгради корпоративна култура која ќе ги привлекува и задржува најталентираните луѓе, рапидно се појавува како најважен критериум за финансиски успех.

Како што чекориме во првата деценија од 21 век,  станува јасно како бел ден, дека старите стилови на водење на организации и нации, па и целата планета се неоддржливи и едноставно колабират.
Четири клучни работи ги преокупираат бизнис, регионалните и националните лидери:

- Како да ги привлечеме и задржиме најталентираните луѓе?
- Како да го зголемиме профитот и материјалната вредност?
- Како да ја подигнеме креативноста и продуктивноста?
- Како да осигураме дека етичноста ќе ја доминира нашата организациска култура?

Одговорот на сите овие прашања е: градејки го КУЛТУРНИОТ КАПИТАЛ

За да станете најдобри на пазарот, мора да започнете процес на целосна промена на системот. Континуирано следење и мерење на вашата организациска култура е основа на овој процес.

И менаџерите и вработените се во потрага по организации кои ќе ги поддржуваат во нивниот професионален и личен развој. Тие сакаат да осетат изедначување на нивните лични со компаниските вредности.

Консеквентно, компаниите низ целиот свет се фокусираат на градење на КУЛТУРНИОТ КАПИТАЛ. Тие работат на креирање на визионерски, вредносно водени организации, кои се фокусираат на исполнетостта на своите вработени, грижа за клиентите и лидерски развој. Како резултат, оваквите компании, не само што ги задржуваат најдобрите луѓе, туку тие ги престигнуваат нивните компетитори во градењето на акционерска вредност. Главна причина за ова е дека 60-80% од акционеркиот капитал се базира на немерлви вредности, од кои најважен е културниот капитал.

Најдобрите компании имаат високо ниво на изедначување на личните вредности на вработените, моменталните вредности присатни во организациската култура и посакуваните вредности.
Тие оперираат низ целосен спектрум на организациска свест и имаат ниско ниво на културна ентропија.

За влијанието на вредностите и на КУЛТУРНИОТ КАПИТАЛ во развојот на една компанија или нација, погледнете го следново интервју со генералниот директор на NidBank.
http://tinyurl.com/CPDTomBoardmanLiveOnline
Ќе траба да даунлоудирате мал софтвер доколку го немате.


КОУЧ ЕРА Груп, Design 2009 by the ZEN Syndicate