![]() Македонија |
|
|---|
|
|
Креативен Лидершип Ова е директната поврзаност помеѓу лидерскиот развој и компаниската вредност, која најдиректно ги пронижува исполнетостта на вработените и задоволството на клиентот. Овој спој е присутен кај сите најуспешни компании. Истите се карактеризираат со извонредна организациска култура и висок степен на усогласеност-кохезија. Ова е основата на создавање шампионски тимови и перфоманси. Игнорирањето на горните факти, несоздавањето на лидерство и култура на високи вредности и перформаси ги кошта организациите огромни изгубени средства и пари. Светските и нашите искуства потврдено покажуваат дека лошиот лидершип и неусогласената организациска култура го намалува учинокот во овие организации кој се мери во 10тици %. Во полошите случаи кајшто културата е многу лоша и неусогласена организациите се подложни и на банкрот. Ако лидерскиот тим не е спремен и посветен да ги прими новите вредности и однесувања, тогаш никој друг во организацијата нема да го направи тоа. Патот до шампионската културна започнува со личната трансформација на лидерските тимови. Во КОУЧ ЕРА имаме потврдени начини и посветеност да ги поддржеме лидерите во креирањето на шампионски резултати на организациско, тимско и индивидуално ниво. Ова го правиме преку мерење на лидерската и организациска култура и го поддржуваме со тимски или индивидуален егзекутивен коучинг.
|